Илустратор го фотографира своето куче во интересни сценарија
Често се вели дека секој крај е само нов почеток. Токму ова му се случило на бразилскиот илустратор Рафаел Мантесо кога пред неколку години се развел од сопругата која не му оставила ништо освен празната куќа и кучето.
„Ги зеде нејзините садови, покуќнина, фотографии, декорации. Единственото нешто што не го зеде беше мојот бул териер кој беше крстен по нејзиниот омилен дизајнер – Џими Чу.“
Инспириран од празниот дом, белите ѕидови и неговото куче, Рафаел почнал да го фотографира Џими околу куќата и полека се родил овој проект.
„Кога Џими се сруши среќен и уморен веднаш до белиот ѕид зедов маркер и нацртав нов свет околу него. Одеднаш ја почувствував старата инспирација за цртање.“
Рафаел продолжува да прави портрети со неговото куче во забавни сценарија и денес има речиси 600.000 следбеници на Инстаграм. Погледнете дел од неговите најдобри дела.
Продолжува на следната страница…