Претходно
Илустрации од најубавите семејни моменти
Датум: 07 мај 2012
Коментари: 0
Тешко е да се најдат зборови кои соодветно ќе опишат колку можат да ве разнежнат илустрациите на американскиот илустратор Паскал Кампион. Во секоја од нив се претставени родители и деца во некои од најубавите семејни моменти.Инспирацијата за овие цртежи Паскал ја црпи од среќата од сопствениот семеен живот.
„Понекогаш, додека сме во супермаркет или додека ја бањам ќерка ми, таа ќе ме погледне и се насмевнува. Тоа трае само еден момент, но долго ми останува во сеќавање. Вакви работи најмногу ме интересираат,“ – вели тој.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.