Илустрации од книжевни цитати
Еван Робертсон е графички дизајнер од Њујорк кој читајќи ги славните автори како Едгар Алан По, Ернест Хемингвеј и Оскар Вајлд ги подвлекувал, како што тој ги нарекува, скапоцените камчиња од реченици. Потоа ја ставил во погон својата креативност и од нив ги создал овие извонредни црно-бели илустрации.

„Станав луд со долги интервали на ужасна нормалност.“ – Едгар Алан По
Во врска со процесот на создавање на неговите дела тој вели:
„Ги подвлеков кратките извадоци од четивата од моите омилени автори и оставив на зборовите да ме однесат до илустрациите. Илустрациите се претопуваат со цитатите и се надевам дека придонесуваат за привлекувањето на окото и на умот кон нив“.

„Слушај… има извонредно добар универзум веднаш до нас. Ајде да одиме!“ – Е.Е. Камингс

„Нема бегање од дивиот коњ во нас.“ – Вирџинија Вулф

„Сите вистини чекаат секаде околу нас.“ – Волт Витман

„Пишувај пијан, коригирај трезен.“ – Ернест Хемингвеј

„Во 3 часот секогаш е или предоцна или прерано за што и да сакаш да правиш.“ – Жан-Пол Сартр

„Јас сум половина агонија, половина надеж.“ – Џејн Остин

„Идејата која не е опасна не вреди воопшто да се нарекува идеја.“ – Оскар Вајлд

„Цивилизацијата започнала со дестилација.“ – Вилијам Фокнер

„Се осмелувам ли да го вознемирам универзумот?“ – Т.С. Елиот

„Тоа место го нема на ниедна мапа. Вистинските места најчесто ги нема.“ – Херман Мелвил
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.