И кралицата на Велика Британија би сакала да живее тука
Креативното архитектонско руско студио „Simultin Design“ го креирало овој модерно дизајниран стан, со големина од 100 метри квадратни. Лоциран во нов станбен комплекс во Краснодар, Русија, овој апартман е направен според барањата на сопственикот, кој сакал целокупниот дизајн да се развива околу една централна идеја – Обединетото Кралство.Со цел да го имплементираат овој храбар концепт, дизајнерите предвиделе кралски простор за живеење, декориран со класични елементи. Фотелјите со британското знаме, ги искористиле за да внесат прекуморски национализам во дневната соба. Софата, масичката за кафе и креветската плоча во спалната соба ги разубавиле со кожни облоги. Луксузните лустери се присутни во секоја соба, кои додаваат суптилен кралски сјај. Во ходникот има огледало со големина на ѕид, кое им овозможува на станарите чувство на кралска галерија. Златните тонови и нежното осветлување во спалната соба, придонесуваат за спокојна и привлечна атмосфера.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.