Претходно
Хумористични манипулации со фотографии од вообичаеното секојдневие
Вообичаеното секојдневие често знае да станува монотоно. За среќа, тука се уметниците со креативна смисла за хумор и иронија кои успешно внесуваат доза позитивна разлика во него. Токму Џејмс Попсис е еден од нив.
Како талентиран фотограф кој живее во Лондон, тој е познат по неговите хумористични дела во областа на композитната фотографија. Фотографирајќи различни места и ситуации од секојдневниот живот, а потоа креативно спојувајќи повеќе кадри во една, тој успева на едноставно јасен начин да претстави една сосема нова слика на секојдневието која е необична и забавна. Погледнете…