Претходно
Храна исечкана во невозможни апстрактни облици
Турскиот уметник Шакир Гукчеба очигледно има поинаква перцепција за овошјето и зеленчукот од другите луѓе. Сигурно си помисливте дека овие импресивни фотографии се дело благодарение на Фотошоп, бидејќи сечкањето дузина јаболка во апстрактни облици, само за да се состави совршен круг, е речиси невозможна мисија. Вистината е дека, Гукчеба внимателно и трпеливо ги сечка, лупи и реди плодовите, сѐ додека не го постигне совршенството, за неговата уметничка серија со уметност од храна. Неговите аранжмани презентираат интересни, невидени форми од храна, кои се празник за очите!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.