Храбра девојка ја претвора нејзината кожа со витилиго во прекрасен и моќен боди-арт

Храбра девојка ја претвора нејзината кожа со витилиго во прекрасен и моќен боди-арт

„Велат дека телото е како платно, јас сум само поинаку насликана.“

Храбра девојка ја претвора нејзината кожа со витилиго во прекрасен и моќен боди-арт

Запознајте ја нашата нова хеорина Еш Сохо, полна со љубов кон себе, која ни докажува дека нашите тела се буквално уметнички дела. Таа има витилиго, состојба која предизвикува губење на пигментацијата на големи површини на кожата. Но, наместо да се срами и да се труди да ги прикрие овие шаренила на својата кожа, таа редовно ги исцртува, претворајќи го нејзиното тело во вистинска уметност.

Нејзиниот прв проект на Инстаграм кој го нарекува Хроники со маркерот (The Marker Chronicles) магично ја трансформираат нејзината кожа во нешто што наликува на мапа на светот.

Храбра девојка ја претвора нејзината кожа со витилиго во прекрасен и моќен боди-арт

Сото почнала да споделува фотографии од нејзиниот боди-арт уште во мај, 2016 година.

Во нејзините описи под една од фотографиите таа вели: „Се надевам дека оваа објава ќе ги инспирира сите девојки да се чувствуваат удобно со самите себеси и во своите тела бидејќи секој е убав и уникатен. Можеби не можете да го видите тоа, но верувајте ми, вие сте посебни. Ни треба повеќе љубов кон себе во денешно време. Прифатете се себеси и сѐ друго ќе си дојде на место. Да, тоа е витилиго, но секоја негативност само ќе ве блокира.“

Храбра девојка ја претвора нејзината кожа со витилиго во прекрасен и моќен боди-арт

Потоа додава дека конечно е во фаза од животот кога може да рече дека ја обожава кожата во која се наоѓа.

„Тоа е искуство од кое се учи“, споделува Сото, „но полека стигнувам до целта“.

Оттогаш Сото редовно споделува фотографии од себеси на кои кожата ѝ е исцртана со линии, пропратени со инспирирачки и охрабрувачки пораки кои поттикнуваат самољубов.

Храбра девојка ја претвора нејзината кожа со витилиго во прекрасен и моќен боди-арт

Таа буквално ја проповеда важноста од тоа да се биде горд на сопствената кожа и потсетува дека „заљубувањето во себе не ве прави суетни или себични, туку ве прави неуништливи и силни“.

Главната порака на Сото за себеприфаќањето ја почитуваат над 80.000 следбеници на Инстаграм, кои редовно ѝ се заблагодаруваат за споделените фотографии и приказни во нејзините објави.

Храбра девојка ја претвора нејзината кожа со витилиго во прекрасен и моќен боди-арт

Импресионирани сме од нејзината самодоверба и од нејзините артистички вештини. Замислете сите да умеевме да ги прифатиме и претвориме своите „недостатоци“ во нешто толку прекрасно и моќно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар