Хотелски соби сместени во бетонски цевки
Автор: Маја Владимирова
Хотелот „Тубо“ преставува уште едно несекојдневно архитектонско дело. Необичното кај овој хотел е тоа што е изграден од цврсти бетонски цевки, каде што секоја цевка претставува една хотелска соба. Освен тоа што е необичен, овој хотел е и прилично евтин, така што за едно ноќевање би платиле од 21-28 евра.Дизајнер на овој хотел е Австриецот Андреас Штраус, кој успеал од рециклиран материјал да создаде нешто интересно и корисно. Тој бил повикан од компанијата за архитектонски решенија „t3art“ поради неговото претходно искуство, хотелот „Dasparkhotel“.Хотелот „Тубо“ е сместен во туристичкото место Тепостлан, Мексико. Се простира на површина од 220 квадратни метри, има 20 соби и за негова изградба биле потребни само три месеци.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.