Хотел за љубителите на коцките „Лего“
Ако се знае дека коцките „Лего“ се една од најинтересните играчки на повеќето деца низ светот, тогаш овој хотел со сигурност ќе биде нивното царство од соништата. Овој хотел се наоѓа во „Леголенд“ во Карлсбад, Калифорнија, а официјалното отворање ќе му биде на 5 април 2013 година. Хотелот има 250 соби, распослан е на три ката и во него има огромен број скулптури направени целосно од коцките „Лего“.
Посетителите на ова место ќе можат да ја одберат нивната омилена тема (Пирати, Кралство или Авантура) и да уживаат во овој шарен имагинарен детски свет. Во пиратската соба ќе треба да ги барате трагите за да можете да го отклучите големото богатство. Во собата за авантура ќе треба да ги избегнувате тарантулите, гуштерите и скорпиите, додека во вашето кралство ќе можете да се борите со змејови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.