Хотел во Сингапур со неверојатни небесни градини
Дизајнирана од страна на „WOHA Architects“, во хотелот ПАРКРОЈАЛ во Сингапур, на секој четврти кат помеѓу блоковите со гостински соби се наоѓаат 6 неверојатни небесни градини. Овој хотел функционира на принципот „хотел во градина“ кој обезбедува заштеда на енергија преку таканаречените „нула-енергија“ небесни градини. Иновативниот дизајн му донел на овој хотел многу награди, како и највисок зелен рејтинг за системот на соларна енергија кој го употребува.
Изградбата на хотелот со 367 гостински соби чинела неверојатни 350 милиони долари, а зафаќа површина од 15.000 квадратни метри на кои можат да се забележат прекрасни зеленила, базени, водопади, ѕидови со растенија и небесни градини на 4 ката.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.