Хотел сместен во Боинг 727
Хотелот „Costa Verde“ нуди загарантирано уживање за своите посетители, бидејќи се наоѓа покрај одлична песочна плажа, опколен со прекрасен животински и растителен свет.
Двата огромни балкони сместени на крилата на авионот и целата негова внатрешност се целосно направени од дрво, што овозможува комплетно вклопување со околината, за идеален мир и релаксација.
Авионот е од моделот Боинг 727, произведен во 1965 година и долго време бил дел од флотите на „South African Airways“, а подоцна и од „Colombia’s Avianca Airlines“. Кога тој бил повлечен од употреба, група инвеститори од Костарика, го купиле и го донеле во Сан Хозе, каде што бил поделен на 5 дела за полесно да се транспортира на денешната локација.
Сепак, секое уникатно уживање чини многу, па така преноќување во овој хотел вон сезона би ве чинело 300 евра, а во сезона 350 евра.