Хотел од огледала на дрво

Хотел од огледала на дрво

Единствен од ваков тип, овој хотел на дрво се наоѓа во Шведска и работи околу една година. Тој е во форма на коцка и целиот е обложен со огледала, па така кога го гледате од доле може и да не го забележите бидејќи целосно се камуфлира во околината.Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоДизајниран е на тој начин што до него се пристапува со помош на мост од јажиња, има една соба со два кревета, мала бања и тераса. Внатрешноста е изградена од иверица и прозорци кои овозможуваат поглед од 360 степени на околината.Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоЗа да се спречи колизијата на птиците со огледалата, тие се изработени од специјални ламинати со инфрацрвен филм, кој само птиците можат да го видат. Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоКонцептот на овој хотел ги исполнува еко стандардите и нуди единствена шанса да се сретнете и да уживате во природата на Шведска која го одзема здивот.Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоЕдно ноќевање со вклучен појадок за двајца во хотелот изнесува 470 евра. Коцката од огледала има третман на една хотелска соба и е дел од цел таков комплекс. Разгледајте, можеби ќе преферирате птичје гнездо.Хотел од огледала на дрво


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар