Харизматични портрети на животни

Харизматични портрети на животни

Овие неверојатно харизматични портрети на животни се дело на фотографот Тим Флах. Тие се резултат на неговата намера да ги доведе луѓето во контакт со анималното во себе со тоа што самите животни ќе ги прикаже во човечко светло. Неговите модели од дивиот свет се фотографирани токму во момент кога прават некој специфичен потег со телото или имаат интересен израз на лицето. Затоа оваа серија е наречена „Повеќе од човек“.Харизматични портрети на животниХаризматични портрети на животниКористејќи различни техники поврзани со светлото Флах успеал да создаде портрети за кои вели дека потсвесно го доближуваат гледачот до животните правејќи нивните мимики и гестови да ги споредуваат со оние на луѓето.Харизматични портрети на животниХаризматични портрети на животниЗа да го постигне овој извонреден ефект на Флах му е потребен многу труд и трпение. Неопходно е прво да создаде амбиент во кој животното ќе биде опуштено и ќе му го даде на фотографот кадарот што тој го бара. Затоа Флах мора трпеливо да чека додека ја приспособува температурата во студиото или додека следи како животните реагираат на музиката која им ја пушта.Харизматични портрети на животниХаризматични портрети на животни

„Никогаш не можете да го предвидите однесувањето на животните, па затоа мора добро да планирате за да го добиете она што го сакате,“ вели тој.

Понекогаш, Флах со својот тим мораат да работат како да се тренери во циркус за да го добијат посакуваниот резултат, но судејќи според овие фотографии трудот добро им се исплати.Харизматични портрети на животниХаризматични портрети на животниХаризматични портрети на животниХаризматични портрети на животниХаризматични портрети на животниХаризматични портрети на животниХаризматични портрети на животни


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар