Графити црква – вистинска шарена преобразба
Неговата кариера започнала во 1990 година кога за првпат почнал да црта графити во неговата родена Атланта, а до 1999 година Хенс буквално го поседувал градот со својата уметност бидејќи не постоело маало или област каде што немал цртано. Секако, во меѓувреме својот талент го претставувал и во различни земји од САД, но и во земји како Шпанија, Франција, Јапонија и Мексико. А ова е неговото последно дело.
Последниот проект на Хенс вклучува сликање на црква во Вашингтон, и како што самиот вели, иако ја почитува класичната естетика на историските објекти, сепак и на нив понекогаш им е потребна драстична преобразба. За само неколку недели Хенс и неговиот тим целосно го измениле изгледот на белата фасада на црквата во виножито од бои и интересна графика. Она за што Хенс е особено почитуван е неговата умешност делата да ги претставува на објекти со огромни димензии, но сепак тие да не изгубат од прецизноста и убавината. Токму поради тоа, овој проект е навистина успешен и изгледа прекрасно.
Самиот уметник вели дека наишол на огромен број позитивни реакции од локалните жители со исклучок на некои кои велеле дека на тој начин се искажува непочит кон црквата и религијата. За среќа Хенс успеал да им објасни дека станува збор за уметност изразена само преку позитивни мисли и им ветил дека на крајот проектот ќе изгледа одлично. И не излажал!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.