Градините во шолји за чај стануваат симпатичен тренд
Има нешто фасцинантно и зачудувачко во минијатурниот декор. Покрај минијатурниот мебел и малите куќички на дрво, градините во шолји за чај се сега најновиот артистички тренд. Овие минијатурни градини „во шолја“ се веројатно најслаткото нешто што ќе го видите денес.
Мини сокулентите засадени во шолја за чај со минијатурни столчиња и маси, изгледаат како градини од бајките. Воодушевува тоа што следбениците на овој тренд користат мали шолји за чај кои го прават ова хоби уште позабавен и поголем предизвик.
Градина во шолја за чај
Овие волшебни градини сигурно ќе ја направат вашата градина или соба уште пошармантна. Тие би биле прекрасни украси во вашата спална соба, канцеларијата, дневната соба или било каде во вашиот дом. Стандардна големина на ваквата шолја за чај е со дијаметар од 7,5cm. Значи, вистински предизвик е како да се направи неверојатна градина во толку мал простор?
Мухајмина Фајз, талентирана уметница која стои зад псевдонимот The Craftaholic Witch ја споделува нејзината тајна за создавањето на овие минијатурни градини. Иако може да се изберат било какви мали растенија по ваш избор, таа препорачува да се користи кактус, сокуленти и ѕидни растенија. Овие растенија не само што бараат малку вода и грижа, туку тие и навистина изгледаат впечатливо.
Можеби сакате да ги видите и делата на еден британски уметник кој употребувајќи стари четки создава бајковити приказни од животинскиот свет.