Претходно
Господарот на сенките
Рашад Алакбаров од Азербејџан е уметник кој волшебно успева да „слика“ со сенки и светлина на начини за кои не би ни помислиле дека се возможни. Тој реди и организира разни предмети кон кои потоа насочува светлина, за да добие на ѕидот сенка која нешто отсликува.Рашад е познат и под псевдонимот „Господарот на сенките“. Неговите инсталации навидум изгледаат грдо и безначајно, сè додека кон нив не биде вперена светлина од ламба. Тогаш сенката дава фантастични резултати. Неговите дела моментално можат да се видат во галеријата „De Pury“ во Лондон.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.