Господари на хартијата
Автор: Петар Џајковски
Никогаш не сте виделе подетално изработени фигури од хартија. Ова е вистинско хартиено уживање за очи. Овие креации изгледаат како да се дело на компанијата „Lego“, но всушност нив ги изработува креативната двојка Алексеј Лапунов и Лена Ехрлич од Русија.Оваа колекција на 3Д инсталации од хартија, претставува збирка на сцени од секојдневен живот на обични луѓе, а е дел од проектот кој се вика „Исто така, луѓе”. Чудесниве картонски дела ја пренесуваат огромната трпеливост, смислата за хумор, но и неверојатната техничка способност на нивните автори. Нивото на изработка на ситните елементи и вниманието посветено на деталите е фантастично.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.