Герила уметност од дрво
Томи Крегс е извонреден англиски скулптор кој има моќ на старите дрвја да им вдахне нов живот. Користејќи моторна пила, тој од дрвјата кои веќе паднале од старост или треба наскоро да се исечат создава вчудовидувачки скулптури кои внесуваат необичен амбиент онаму каде што се поставени.
„Додека учев како да користам моторна пила и да сечам дрва, научив многу за дрвјата, за видовите, итн. Почнав да резбам користејќи ги моите вештини со моторна пила и интересот за уметноста од моите школски денови.“ – вели Томи.
Тој своите дела првпат ги покажал пред жителите на својот роден град Нерсбороу, и тоа на многу мистериозен начин. Едноставно, ги изработил скулптурите со сета своја убавина и ги оставил така да стојат во природата, па кога на нив наишле неговите изненадени сограѓани, предизвикал голема вчудовиденост и љубопитност. За негова среќа, неговите дела многу им се допаднале и побарале да направи уште такви.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.