Фустани направени од географски карти
Прекрасната колекција на фустани направени од географски карти, веднаш ќе ве маѓепса и ќе ве поттикне барем на кратко да посакате да бидете на некое друго место од светот. Суперкреативните фустани се рачна изработка на Ен Вилсон од Окленд, Нов Зеланд. Секој фустан е уникатен и неодолив сам за себе.
Доколку сакате да отпатувате на некое интересно место или да се потсетите на некоја драга случка од минатото, закачете некој од фустаните и фантазијата ќе ве однесе токму на посакуваната дестинација.
Овие фустани може добро да се искомбинираат со соодветни модни додатоци.
Ако ви се допаѓа ваквата мода, погледнете ја и колекцијата на фустани изработени од хартија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.