Фустани направени од чоколадо
Отворањето на овој настан се случи на 30 март во Цирих, Швајцарија. Настанот „Le Salon du Chocolat“ за првпат се има организирано во 1994 година во Париз и оттогаш се има одржано во 20 градови низ светот. На настанот се дегустира чоколадо, а на гостите им се нуди единствена можност да учат како тоа се приготвува. Најинтересниот момент е модното шоу на кое се презентира облека направена од чоколадо.Интересно е тоа што помеѓу кожата на моделот и чоколадото нема никакво парче ткаенина. Ова е вистински предизвик за дизајнерите, бидејќи температурата на телото на човекот е околу 37 степени Целзиусови, а точката на топење на чоколадото е 33 степени Целзиусови.
„Моравме да смислиме начин за да ја зголемиме точката на топење на чоколадото. Успеавме во нашата намера со додавање на дополнителни состојки во оригиналниот рецепт. Многу е потешко да го изведеш ова на човечко тело, отколку на торта“ вели Џорди, еден од уметниците на овој настан.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.