Фотографски проект за помош на загрозените природни паркови во Африка
Коронавирусот има големо влијание врз туризмот во Африка, а тоа влијае и на природните паркови кои се загрозени и за кои се потребни средства за нивно зачувување. Некои светски познати фотографи започнале проект за помош на овие живеалишта. Со донирање на уметнички фотографии, тие се надеваат дека ќе соберат доволно парични средства за африканските паркови.
Изложбата е наречена „Отпечатоци за дивиот свет“ и е организирана од фотографите Мерион Пеер и Пај Аертс. Секоја фотографија се продава за 100 долари.
Погледнете ги овие фотографии од 20 семејства животни што ќе ве натераат да посакате да ги прегрнете вашите родители веднаш.