Фотографот Далибор Толевски објаснува зошто ја напуштил Македонија за да ја следи својата страст

Фотографот Далибор Толевски објаснува зошто ја напуштил Македонија за да ја следи својата страст

Далибор Толевски е љубопитен и хиперактивен екстроверт, вечен оптимист, позитивец, и голем авантурист. Тој е човек што не го држи едно место – секогаш е подлежен на промени и предизвици. Далибор се смета за сведок на уметноста околу нас, љубител на добрата музика и доброто друштво. На кратко, тој е необичен во секој поглед, но истовремено е и многу едноставен. Прочитајте го нашиот разговор со него и уживајте во неговите неверојатни фотографии!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

1. Како започна сè? Што те инспирира да станеш фотограф?

Уште како мал слободното време го трошев на цртање, бидејќи ме релаксираше и ми креираше некој свој свет во кој често запливував. Бев генерално инспириран од убавината на жената и тоа и најчесто го цртав. Но, во 2004-та година го запознав тогаш најактуелниот фотограф во Македонија, Владимир Георгиев, кој мислам дека е најголемиот кривец за мојот сегашен интерес во фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

2. Забележав дека на твојот Инстаграм профил преовладуваат женски портрети. Дали сакаш да пренесеш некаква порака со твоите фотографии или пак, едноставно твоето око е најмногу привлечено од женската убавина?

Жената и до ден-денес ми е најголемата инспирација за фотографирање, иако фотографирам и машки модели. Кога правам портрети, најголем предизвик ми е да пренесам дел од карактерот или емоциите на личноста којашто ја фотографирам, а кога правам едиторијални или модни фотографии, тогаш приказната ја креирам или јас или тимот со којшто работам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

3. Што е најдоброто нешто кај твојата работа, а што ти предизвикува најголем проблем? И како Македонците, па и целиот свет гледаат на професионалните фотографи?

Најдоброто нешто е што секогаш сте во друштво на креативни и интересни ликови со кои создавате арт. Најчесто, најголемиот проблем ми е краткото време што е зададено за да се заврши одреден проект, бидејќи не се чувствувам многу удобно кога треба да работам во брзање.

Во Македонија сè уште мислам дека трудот на добрите фотографи не е ценет колку што треба, но се движиме напред. Од друга страна пак, во Америка, токму спротивното важи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

4. Каква опрема користиш и дали ги обработуваш фотографиите во некој софтвер? Дали можеш и накратко да го опишеш процесот – од развивање идеја и фотографирање, до обработка и готова фотографија за објава?

Од опрема користам и филм и дигитални апарати, работам со 35мм формат и среден формат, но во план ми е да почнам да работам и со голем формат.

За процесот од развивање на идеја до реализација, кај мене зависи многу од тоа што го фотографирам. Кога е проект, секако прво ја креирам идејата и ја дефинирам локацијата, како и тоа дали ќе работам сам или во тим, зависно од барањата на клиентот. После тоа следува фотографирањето и на крај обработката којашто ја работам во Фотошоп. Кога правам портрети многу често импровизирам и со светло и со моделот без претходно дефинирана идеја, и му оставам на моделот да се изрази така како што тој/таа се чувствува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

5. Сигурна сум дека сите фотографии ти се направени со љубов, но дали има некоја посебна на којашто никогаш нема да заборавиш? Ќе сакаш ли и да ја споделиш приказната зад таа фотографија?

Па знаеш како викаат, најомилената фотографија е последната. Ха-ха. Тоа е најчесто случајот и со мене, но имам и постари фотографии кои ми се посебно драги. Еден од омилените мои портрети се вика „There are silences that I remember better than the sweetest words“ (Постојат тишини што ги помнам подобро и од најслатките зборови). Самиот наслов на фотографијата го опишува моментот што е опфатен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

6. Во моментов живееш во Чикаго. Дали преселувањето од Македонија беше поврзано со твојата желба за фотографирање или пак, други фактори беа вмешани во одлуката?

Една од причините ми беше пазарот – во Америка пазарот е многу поголем отколку во Македонија. Од друга страна пак, тука конкуренцијата и талентите се исто така поголеми, но сето тоа ми беше само уште еден дополнителен предизвик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

7. И за крај, какви совети имаш за момците и девојките што допрва почнуваат да се занимаваат со фотографирање, а имаат желба да го претворат ова хоби во кариера?

Не очекувајте да станете добри фотографи преку вечер, ќе ви требаат многу години додека да стигнете до ниво каде што би можеле да заработувате од тоа. Бидете трпеливи и образувајте се многу, тоа е неопходно за добар почеток. Експериментирајте колку што можете повеќе. Барајте критичко мислење од професионалци – тоа ќе ве направи подобри!

Како и во секоја друга уметничка струка, понекогаш ние уметниците не сме способни самите да си ги согледаме грешките кои ги правиме, па добро е кога другите ќе ви ги посочат и со тоа ќе ви помогнат да ги поправите. Исто така, немојте да се фокусирате на трендовите, туку фокусирајте се на своите инспирации – трендот го следат многумина, и вие само би се изгубиле во таа толпа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dalibor Tolevski (@dalibortolevski) on

Разубавете го вашиот Инстаграм и со прекрасните фотографии на Дона Неделковска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар