Вистински парови или тотални странци: Моќни фотографии ја бришат границата меѓу реалноста и фантазијата
Моќта на социјалните мрежи е поголема одошто мислите. Често гледаме фотографии од совршени утра, заљубени парови и неверојатни локации, но колку има вистина во нив? 24-годишната фотографка Мери Хилд повеќе не сакала да ги гледа истите нашминкани фотографии и објави на веб-сајтовите и апликациите. Обидувајќи се да најде нешто пореално, се одлучила самата да го направи тоа. Нејзиниот проект наречен Lifeconstruction содржи фотографии во кои Мари се преправа дека има сериозна врска со странци кои ги запознала неколку минути пред да ги направи фотографиите.
На својот профил на апликацијата Тиндер таа ја објаснила својата намера и напишала дека сака да се сретне со луѓето и да се фотографира со нив како да се пар. Исто така изјавила дека фотографиите ќе бидат објавени. Таа го запознала своето момче со коешто е во врска веќе 4 години токму на оваа апликација и изјавила дека и двајцата редовно ја користат бидејќи им било интересно.
„Сметам дека ни недостасува комуникација лице во лице. Никогаш не сме навистина присутни во нашите интеракции. Како што гледам јас, станува полошо, а главен виновник се социјалните мрежи. Иронично е тоа што мојот проект не би постоел без Тиндер.“
Мери намерно не ги планирала нејзините „состаноци“ однапред.
„Понекогаш чувствував дека немам енергија и мотивација да се поврзам со моето подлабоко јас, а понекогаш сакав да копам што е можно подлабоко до моето и до јадрото на странецот.“
„Еднаш или два пати бев потресена бидејќи странецот ги помина моите граници. Но на некој начин бев подготвена за тоа и сега можам да кажам дека тоа ми помогна подобро да се запознам себеси.“
Мери изјавила дека нејзиното момче ја поддржувало и ѝ давало слобода да се изразува како што ѝ одговара. Таа смета дека секогаш треба да се осмелиме да создадеме интимност и длабочина со другите.
„Важно е да барате, да најдете и да се исполните со нешто реално.“
Погледнете ги останатите фотографии на следната страница…