Фотографка ја доловува реалноста на родителството
Родителството е вежба во контролиран хаос и токму тоа се обидува да го покаже фотографката Даниел Гуентер. Таа долго време работела со семејства каде што најчесто ги фотографирала оние моменти кои не вклучуваат мрсулави носиња и расплакани дечиња, но по објавувањето на една необично смешна и хаотична фотографија, таа се инспирирала да направи серија во која ќе ја покаже забавата зад лудоста која доаѓа со младото семејство.
„Сакам да откријам што се случува пред да дојдете на фотографирање. Сакам да знам што се случува во домот, зад затворените врати. Ако можете да најдете смешна страна на животот, тогаш веќе сте еден чекор понапред од сите. Родителството е хаотично, но дури и онаа скриената страна може да биде прекрасна“, вели таа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.