Фотографии од животот во 40-тите направени од единствениот Стенли Кјубрик
Првата љубов на култниот режисер од Бронкс, Стенли Кјубрик е фотографирањето. Талентот го наследил од својот татко, кој покрај тоа што бил доктор, обожавал и да фотографира. Домашната лабораторија за развивање филмови му овозможила на Стенли да го совлада целиот процес уште од мали нозе. Тој фотографирал и за училишниот весник.
Вниманието на јавноста Стенли го привлекол на 16-годишна возраст со фотографијата „Продавач на весници ја оплакува смртта на Рузвелт“. За 25 долари успеал да ја продаде на тогаш водечкиот магазин „Look“, каде се вработил веднаш после школувањето. Со тоа Стенли станал најмладиот фотограф во историјата на магазинот. Погледнете дел од неговата работа.

Акробатска точка - 1948

Жена од циркус води мајмун на ролшуи - 1948

Џони Грант - 1946

Џони на лице место - 1946

Студент на Универзитетот „Колумбија“ - 1948

Бетси вон Фурштенберг - 1949

Момчиња што чистат чевли - 1947

Момчиња што чистат чевли (Добавувачот) - 1947

Момче што чисти чевли качено на ограда - 1947

Девојче во забавен парк - 1946

Девојче со кукли - 1947

Чекање пред стоматолошка ординација

Менување автомобилска гума - 1946

Лабораторија на Универзитетот „Колумбија“ - 1948

Боксерот Валтер Картие - 1948

Генералот Двајт Ајзенхауер на Универзитетот „Колумбија“ - 1948

Филмска екипа - 1947

Модна ревија - 1948

Прошетка по улиците на Њујорк – 1946
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.