Фотографии од постари брачни парови кои ни покажуваат како изгледа вистинската љубов
Фотографот кој започнал да прави фотографии од семејства и деца пред пет години забележал дека луѓето бараат да се сликаат само со нивните деца и партнери. Никогаш немал клиент кој барал да биде сликан со неговите родители или баби и дедовци. Тогаш одлучил да го подели работното време во два дела. Едната половина од месецот ги фотографирал клиентите на начин на кои тие сакале, а за време на другата половина одлучил да им предложи фотосесии на старци (кои ги повикувал преку интервју или сосема случајно им пристапувал на јавни места).
За време на една фотосесија во Хјустон, Тексас тој забележал како дедото во тишина стоел во аголот додека ја фотографирал бабата со внукот и тогаш му дошла идеја. Во името на сите нивни заеднички спомени ги прашал дали би можел да ги фотографира заедно и оттогаш не прекинал да прави фотографии од брачни парови кои се во повозрасната доба. Фотосесиите ги осмислува во веренички стил односно преку нив ја прикажува љубовта што ја имаат старите луѓе и покрај толку години поминати во брак. Тој е презадоволен од можноста да посведочи на различни приказни од старите луѓе и нивните заеднички животи. Вели дека не може да опише колку го исполнува правењето на такви фотографии и заклучува дека љубовта и партнерството се најважни во животот.
Продолжува на втората страница…