Фотографии од модели под вода кои одземаат здив
Успешното фотографирање под вода најчесто се изведува со специјализирана опрема и посебни техники. Крајниот резултат се возбудливи и уникатни фотографии. При правењето фотосесија на модели под вода, се појавуваат разни компликации, кои не се карактеристични за фотографирањето на подводните животни.
Пред сѐ, потребно е моделот да знае добро да нурка. Исто така треба да знае и да ја употребува основната опрема за нуркање, бидејќи некогаш фотографирањето се изведува и на длабочина од четири метри, кога нема можност за излегување на површината за да се земе воздух.
За да остане на длабочина од четири метри, моделот мора да има на себе мал тег (со тежина од 1 до 2 кг) кој овозможува константност на нејзината/неговата позиција. Во ваква ситуација моделите честопати се нервозни поради длабочината и тегот кој го имаат на себе и тоа се изразува директно на фотографиите.
Најголемиот проблем се појавува за време на самото позирање. Моделите мораат да бидат целосно опуштени, најчесто со отворени очи и со насмевка на лицето. Исто така не смеат да испуштаат многу воздух одеднаш поради тоа што ќе се создадат балончиња. Што се однесува до околината, водата мора да биде провидна и чиста, бидејќи само на тој начин може да се создаде острина на фотографијата.
Постојат модели кои поголемиот дел од својата кариера го посветуваат токму на вакви фотографирања. Со малку тренинг, тие ги усовршуваат своите движења под вода и успеваат да создадат вистински уметнички дела.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.