Фотографии од коњи пред неверојатните исландски пејзажи
Лига Лепина е фотографка која целото нејзино слободно време му го посветува на фотографирањето. Родена е во Латвија, но се преселила во Исланд на 14-годишна возраст. Била опседната со коњите бидејќи тој пркос можела да го насети и кај себе. Започна со собирање на сите можни исечоци од весници, постери и календари со коњи и штом завршила со школувањето знаела дека коњите ќе бидат огромен дел од нејзиниот живот.
Но, наместо да фотографира портрети, барала нешто повозбудливо и поинакво, па така почнала да ја комбинира нејзината страст кон коњите и зачудувачките исландски пејзажи. Како што можеме да забележиме од фотографиите коњите на Исланд се многу уникатни – тие делуваат многу храбро, но сепак се диви во нивните срца, а токму тоа Лига се обидува да го прикаже преку нејзините фотографии.
Можеби сакате да ги погледнете и овие 30 фотографии направени со дрон што ќе ви покажат како луѓето го поминуваат времето додека се во карантин.