Фотографии од течности фрлени во воздух
Наместо претпазливо да сипе црвено вино, белгиската фотографка Менон Ветли решила да фрли полна чаша, за да го документира „летот“ на виното во воздухот. Таа по професија е графички дизајнер и илустратор, но неодамна го пренасочила целото нејзино внимание кон фотографијата. Тоа не го прави само со вино, туку фрла разни течности и храна во воздухот, притискајќи на фотоапаратот во вистинскиот момент, за да ги улови случајните форми и колоритните пластови, кои лебдат низ синото небо.
Оваа фотосерија оригинално започнала како уникатни објави на Инстаграм, а потоа прераснала во проект, наречен „Flying Stuff“ (Летечки нешта).
Фотографката објаснува: „Навистина е фасцинантно да се гледа каков облик ќе формира течноста додека лета во воздух. Фотографирањето во вистинскиот момент, најчесто доведува до спектакуларни и изненадувачки резултати. Повеќето фотографии се направени со Ајфон, но почнав да ‘пукам’ и со покрупни оружја 🙂“
И покрај тоа што чистењето на хаосот веројатно не е баш за уживање, веројатно е ептен забавно да се фрлат толку многу нешта во воздух и да се гледаат како се трансформираат во уникатни, вонземски облици.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.