Фотографии од бебиња направени само неколку секунди по породувањето
Моментот на раѓање на дете е најубавиот момент во животот на сите кои го доживеале тоа, па затоа овие портрети делуваат многу изненадувачки. Тоа се фотографии на бебиња направени неколку секунди по нивното доаѓање на свет. Изненадувачки се затоа што не изгледаат толку убаво како за таков убав настан.
Нивниот автор, фотографот Кристијан Бертло вака го објаснува тоа:
„Кога за првпат го видов син ми, тој беше крвав и покриен со онаа бела материја наречена вермикс. Тој беше како воин кој штотуку ја добил својата прва битка, како ангел кој излегува од темнината.“
Иако фотографиите се тешки и не би можел секој да ги изгледа до крај, ова негово објаснување им дава сосема поинаква перспектива, додавајќи им длабоко и прекрасно значење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Dlaboko i prekrasno znacenje!!! Of mori majko, turni me da kinisam…….