Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапарат
Серијата фотографии „Вахан, другата страна на Авганистан“ на француските фотографи Fabrice Nadjari и Cedric Houin на фасцинантен начин ги портретира жителите на изолираниот авганистански регион Вахан, во ситуација кога тие за првпат во животот се среќаваат со фотоапарат.Воодушевени од земјата, Фабрис и Седрик сакале на светот да му го прикажат овој ретко посетуван регион лоциран близу границата со Таџикистан, Пакистан и Кина. Портретите се направени така што ги сликале помалку срамежливите селани додека во рацете држеле сопствени фотографии кои претходно биле направени со Полароид.Вахан е толку изолиран што на ниту еден начин не се чувствува дека во земјата владее војна. Фотографиите се направени токму со цел да го урнат стереотипот кој Авганистан го поврзува само со Талибанците, тероризмот и со убивањето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.