Фотографии направени во вселената од кои „боли глава“
Овие неверојатни фотографи се направени со долга експозиција од страна на астронаутот Дон Петит, од Интернационалната вселенска станица, во текот на Експедицијата 31.Додека вселенската станица кружела околу Земјата со околу 27,36 километри на час, инженерот Дон Петит направил фантастични фотографии сликајќи со 30-секундна експозиција, кои потоа софтверски ги споил за да прикаже 10-15-минутно движење. Ротацијата била доволно брза за да го „замати“ природниот изглед на Земјата и да ја прикаже со разнобојни снопови светлина, како и да улови траги од ѕвездите, Аурора и светлина распрскана по целата површина на Земјината топка. Добиениот резултат е вчудовидувачки!Погледнете повеќе фотографии на неговиот профил на Фликр.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.