Фотограф кој замотува луѓе во пластични кеси
Токискиот фотограф Хал си смислил многу чуден проект од кој успева да заработи пари. Тој наоѓа љубовни партнери, ги става во пластична кеса, го извлекува воздухот со правосмукалка и така вакуумирани, од нив создава бизарни фото-портрети кои стануваат дел од неговата серија наречена „Flesh Love“.Тој ги замотува согласните парови во пластична кеса, која обично се користи за чување чаршафи за душеци, потоа сосема го извлекува воздухот од неа што значи дека речиси ги задушува луѓето. Потоа субјектите треба да го држат воздухот во себе околу 10 секунди, додека Хал чкрапне неколку фотографии набрзина.Некои модели преферираат да носат облека, додека други се разголени, а некои си носат и разни предмети, како на пример гитара, кои ги земаат со нив во вакумираниот „љубовен“ простор. Инаку портретите од „Flesh Love“ се достапни за купување во облик на книга, а ќе има и апликација за Ајпед, која ќе чини 13 долари.Инаку Хал оди во областа Кабукичо која се наоѓа во Шинџуку, Токио, каде што е развиена проституцијата и бизнисите поврзани со секс, посетува подземни барови во Чибуја и разни други места кои работат во текот на доцните ноќни часови.
„Кога ќе најдам заинтересиран пар за мојата работа, почнувам да преговарам за да направиме фотографи. Сигурен сум дека многу луѓе на почетокот сметаат дека мојот предлог е невообичаен и ме гледаат чудно, но јас секогаш продолжувам да ги убедувам да го прифатат предизвикот. Моделите кои ги фотографирам се различни профили на луѓе, меѓу кои има музичари, танчери, стриптизети, разни работници, менаџери на ресторани и барови, фотографи, бизнисмени и бизнисменки, неодредени и невработени и други.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.