Претходно
Фотограф го фаќа на слика смешниот израз на луѓето кога пијат шотови
Фотографот Тим Чарлс направил интересна серија фотографии каде се фатени смешните изрази на луѓето кога пијат шотови на екс. Тоа е токму оној момент кога го чувствуваме печењето на алкохолот во нашите грла кое трае само секунда пред да се вратиме во нормала.
Чарлс вели дека идејата е да се прикаже тоа моментално лошо чувство, после кое сè е многу подобро благодарение на алкохолот. Исто, тој вели дека тоа е оној момент кога луѓето искрено ги покажуваат своите емоции без да се трудат да се прикажат себеси во поинакво светло.
Оваа идеја резултира со интересна фотосесија која мора да ја погледнете.