Фотограф ги прикажува женските лица пред, за време и по оргазам со цел да ги сруши сите табуа за сексот

Фотограф ги прикажува женските лица пред, за време и по оргазам со цел да ги сруши сите табуа за сексот

Многу ретко се зборува за женскиот оргазам и малку жени го имаат доживеано, но и покрај тоа заслужува да му се посвети внимание. Фотографот Маркос Алберти од Бразил имал за цел да ги сруши табуата за женската сексуалност што владеат во светот и да ја прикаже како нешто прекрасно. Тоа го направил со помош на проектот „Големото О“ (The O Project), кој вклучува серија фотографии од жени ширум светот пред, за време и по оргазам.

Фотограф ги прикажува женските лица пред, за време и по оргазам со цел да ги сруши сите табуа за сексот

Алберти се здружил со компанијата за женски секс играчки „Smile Makers“ и соработувал со модели од разни националности, меѓу кои имало и такви што доаѓаат од поконзервативни култури, како што се Кина и Сингапур.

„Соработката со Маркос ни овозможи да ги создадеме овие фотографии за да ја срушиме општествената стигма што владее за женската сексуалност и да го прикажеме женското задоволство како нешто нормално“, изјавил менаџерот на компанијата.

Секој модел добил по еден производ од „Smile Makers“ за да „заврши работа“, а 4-те дела од секоја фотографија ги покажуваат промените во нивните изрази на лицето додека го достигнуваат климаксот за на крај да ја испуштат последната воздишка на длабоко олеснување.

Погледнете ги следниве фотографии што ќе ви го претстават женскиот оргазам како нешто природно и целосно ќе ви го сменат мислењето за женската сексуалност…

Погледнете и како изгледаат луѓето по 1, 2 и 3 испиени чаши вино.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар