Фантастични 3Д рипки насликани во смола
Јапонскиот уметник Riusuke Fukahori изработил 3Д уметнички дела со рипки, кои изгледаат неверојатно реално. Навистина е тешко да направите разлика меѓу вистинските риби и уметничките дела на Fukahori. Тој преку внимателна и макотрпна работа, со боја и чиста смола создал импресивна уметност, која верувајте ќе ве остави без зборови. Неговите рипки се подеднакво симпатични како оние во вашите аквариуми.
Техниката на овој талентиран Јапонец е беспрекорно прецизна. Тој рипките ги црта во различни вдлабнати предмети и ги прелеава со чиста смола. Врз смолата го повторува цртежот и така слој по слој, Fukahori ги добива овие совршени 3Д уметнички дела. Погледнете го процесот на изработка:
Во продолжение, погледнете уште некои од делата на Fukahori.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.