Фантастична уметност врз обични камчиња
Цртањето врз камчиња е навистина креативна уметност. Со овој талент може да се пофали и младата Кетрин од Мајами, Флорида, чие животно мото е: „Знаењето е моќ, а патувањето е знаење“. Таа себеси се опишува како хипик, уметник, писател, светски патник, градинар, творец… Нејзината основна инспирација е природата.
„Кога имав десет години, заедно со мојот најдобар другар одлучивме да цртаме на големи камења и да ги продаваме во соседството. И навистина успеавме да продадеме неколку, благодарение на љубезните соседи. Неодамна одлучив повторно да му се посветам на сликањето на камења, бидејќи како и за многу други уметнички правци и тука можноста за креативност е бескрајна“, вели Кетрин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.