Фантастична песочна уметност
Со гребло и малку имагинација, Андрес Амадор од Сан Франциско создава перфектни уметнички дела на песочни плажи. На еден пејзаж работи со часови, а можност да ужива во истиот има само неколку мигови, пред да надојде плимата и да го избрише. Во тие малку минути, единствено што успева е да ја фотографира сопствената уметност.Андрес точно знае кога да ја очекува плимата. Тој изборот на локацијата го прави преку „Google Earth“ и трпеливо ја чека полната месечина, според која проценува колку време има на располагање, за да ја наслика својата најсвежа идеја.41-годишниот Андрес по професија е еколог, а цртежите во песок се негова пасија од 2004 година. Тој неколку пати досега дизајнирал и интересни понуди за брак, за заљубените двојки кои уживаат во морето и песочните плажи. Во процесот на изработка на фантастичните уметнички дела, често му се приклучуваат и доброволци.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.