Есенска магија во Њујорк
Бетонот и асфалтот доминираат во секојдневната глетка во Њујорк, но неговите жители секогаш можат за миг да побегнат во природната оаза Централ Парк за едно поинакво доживување.Сакајќи да ја долови есенската магија која го обзема неговиот град, фотографот и видеограф Џејми Скот отишол токму таму и сликал цели шест месеци по два дена неделно на вкупно петнаесет локации во паркот, секогаш во исто време, веднаш по изгрејсонцето. На крајот, од огромниот број фотографии го составил ова прекрасно видео.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.