Емотивни фотографии од мажи пред и откако станале татковци
Да се стане родител е момент што го менува животот. Еден фотограф од Лондон успеал да ги долови емотивните моменти низ кои минуваат мажите пред да станат татковци. Том Олдхам поминал 72 часа фотографирајќи ги разните емоции на идните татковци, пред да влезат и откако излегле од салата за породување.
„Овие портрети доловуваат моќен момент во животот на овие мажи и сакам да ја покажам големината на тоа да се стане родител.“
Проектот е наречен „Станувајќи татко“ (Becoming a Father) и е нарачан од Плејстешјн за новата игра „God of War“ која ја следи приказната на еден воин и врската помеѓу таткото и синот.
Хектор Адебамбо, 32
„Природно ми дојде да бидам татко. Имам чувство дека е правилно. Му зборував 9 месеци на син ми и сега конечно е овде.“
Енди Вест, 36
„Веднаш сфатив дека имањето дете ќе има голем ефект бидејќи секогаш ќе бидам одговорен за друга личност.“
Тоан Лам, 34
„Кога се роди син ми, мојот поглед кон животот веднаш се промени и знаев дека треба постојано да го гледам како расте. Станувањето одговорен за друго човечко суштество е најчудното искуство. Не можам да го опишам со зборови.“
Педро Диего Фернандез, 34
„Породувањето беше помачно отколку што очекував, но се чувствував неверојатно веднаш штом го земав син ми во раце. Сакам да бидам најдобриот човек за мојот партнер и за бебето.“
Федерико Грило, 34
„По породувањето, како што ми се намалуваше адреналинот, така мислам дека и времето забавуваше. Го држев мојот син и се чувствував многу мирно.“
Том Чапел, 35
„Мислам дека сега откако сум татко моите приоритети значително ќе се променат. Се имавме само еден со друг, но сега треба да размислувавме и за ќерка ми.“
Погледнете ги и овие преубави фотографии од природното породување на една мајка.