Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Божиќните украси не се резервирани само за нашите домови. Тие ги разубавуваат градските улици и плоштади, паркови, излози, но и нашите дворови. Ако имате куќа или стан со убав двор или тераса, не заборавајте да ги облечете во празнична облека. Кога украсувате новогодишна елка во дворот или на терасата, треба да обрнете внимание на некои детали.

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

За почеток, погрижете се за ламбичките и во зависност од големината на дрвото, одберете ја соодветната големина. Ако имате високо дрво во вашиот двор, украсете го со поголеми ламбички за да дојдат до израз.

При изборот на украси, обрнете внимание на материјалот. Бидете внимателни да не изберете украси што може да бидат оштетени од дожд, од снег и од други временски услови. Исто така, користете природни материјали како што се шишарките и сами направете едноставни украси за вашето дрво.

Кога станува збор за стилот на украсување, сè што ви се допаѓа е добар избор. Истите правила важат како и за елката во вашиот дом. На крајот, веројатно нема да оставите подароци под дрвото во дворот, барем не вистински, но секогаш можете да направите украси во форма на подароци и да ги поставите под елката во дворот. Погледнете ги фотографиите од украсените елки во дворови што можат да ви послужат како извор на инспирација.

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Елки што ќе го направат дворот да изгледа како од божиќен филм

Погледнете ги овие 15 дневни соби со камин за кои сигурно фантазирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар