Елегантни танчари ги покажуваат своите движења во урбана срединa
Ова е серија фотографии кои ги прикажуваат класичните танцови движења во една урбана средина, доловени преку објективот на фотографот Омар З. Роблс.
Омар З. Роблс ги фотографира танчарите на невообичаени места.
Тој на неговиот сајт објаснува дека ужива во фотографирањето затоа што е раскажувачки медиум кој не бара зборови.
„Со фотографијата го правам моментот бесмртен на малку подолго.“
Гледајќи ги грациозните пози на танчарите поставени крај урбаната позадина се добива некоја невообичаена совршеност.
„Обожавам што може да се доловат и креираат сите прекрасни линии и движења само со човечкото тело.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.