Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска
Распослана на 330 метри квадратни, вилата „Golden Rays Villa 3“ е прекрасно луксузно прибежиште во Примоштен, Хрватска. Таа има три раскошни спални, три бањи и фантастичен ентериер. Импресионира со модерната елеганција и чистиот стил, а оној што ќе престојува тука, со сигурност ќе посака повторно да дојде.
Погледот од вилата ќе ви го одземе здивот, па затоа е одличен избор за романтично бегство. Сместен е на едно ритче во близина на јадранското крајбрежје, а опколен е со прекрасна природа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.