Еколошка стаклена куќа што се камуфлира во своето опкружување
Дизајнирана од архитектонската фирма Коулсон, оваа куќа е создадена за да се камуфлира во своето опкружување. Куќата не само што овозможува неверојатен поглед на пејзажот, туку е направена со цел да не троши енергија и вода, како и да не создава никаков отпад.
„Нашата страст за опкружувањето не е само техничка, туку се протега и кон искуството во природата.“
Неверојатно компактната минималистичка структура има рефлектирачки соларни панели кои овозможуваат приватност и ја кријат куќата помеѓу дрвата.
Овој самоодржлив дом нема потреба од системи за затоплување и ладење благодарение на ѕидовите поставени на јужната страна.
Се собира и водата од дождот на покривот, а потоа се филтрира и складира во резервоар.
Постојат 3 модели на овој дом – основен модел за повеќенаменска употреба, модел со кревет и бања, како и модел со сауна.
Погледнете го и овој неверојатен дом што еден човек го изградил за своето семејство.