Егзотична вила во Тајланд во која секој би уживал
Со својата привилегирана локација со поглед кон океанот, Вила Падма се наоѓа во живописниот Кејп Јаму, на источниот брег на островот Пукет во Тајланд. Гостите имаат можност да уживаат покрај бујното зеленило од прекрасната тропска шума што ја опкружува вилата. Куќата има четири екстравагантни големи спални соби, а секоја од нив нуди уникатни дворови и тераси за уживање со семејството и пријателите. Најатрактивниот дел од оваа вила најверојатно е 25-метарскиот базен, опколен со фантастични лежалки. На горниот кат пак, гостите можат да уживаат во убав коктел и друштво, додека се опуштаат во удобниот летниковец или на меките фотелји поставени на платформа која лебди над вода. Исто така, можат да си припремат вкусна скара или да се релаксираат во раскошната градина. Покрај рајската надворешност, гостите можат да се забавуваат во големата соба за игри и домашното кино.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.