Едноставно и евтино уредување на ѕидот што ќе ја направи секоја соба поудобна за живеење

Едноставно и евтино уредување на ѕидот што ќе ја направи секоја соба поудобна за живеење

Малите промени во дизајнот на ентериерот, за кои не ви треба голема сума пари, можат да направат голема разлика. Не мора да го менувате или да го преместувате мебелот за да го освежите просторот во кој најмногу престојувате. Понекогаш е доволно да преуредите само еден ѕид за да ја освежите просторијата. Погледнете како да го уредите празниот ѕид за да се чувствувате поудобно во вашиот дом.

Украсете го ѕидот со кохезивни фотографии

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alaina Kaczmarski (@alainakaz) on

Празниот ѕид во вашата омилена просторија можете да го уредите со кохезивни фотографии. Може да го уредите ѕидот со црно-бели фотографии од детството, со фотографии од родителите, бабите и дедовците или со фотографии од омилените спомени, места и слично. Сè што ќе ви треба се три или повеќе исти рамки, слични (или меѓусебно поврзани) фотографии и еден ѕид. За многу кратко време и за многу малку пари ќе добиете сосема нов ѕид и галерија спомени што секогаш ќе ве потсетуваат на нешто убаво.

Залепете тапет

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Clayton & Company (@jclaytonandco) on

Лепењето тапети е наједноставната и најбрзата опција, но малку поскапа од другите. Ако имате буџет, но немате време да набавите украси, материјали и сл., тапетите се одличен избор за вас. Тапетот не мора да го покрива целиот ѕид, туку може да се постави само на еден дел, а вие можете да изберете дезен што ќе биде пријатен за очите и што ќе ја направи просторијата потопла.

Обесете стари инструменти или украси

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenny Komenda (@jennykomenda) on

Колекција инструменти, стари инструменти што веќе не се користат или дрвени украси од патувања, како што се маски или нешто слично може да бидат совршен украс на ѕидот.

Уметнички дела

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crystalin Da Silva (@crystalinmarie) on

Никогаш не можете да погрешите со добрите уметнички дела, тие никогаш не можат да бидат демоде. Добрата работа е што секогаш можете да купите уметнички дела и од не многу познати уметници или да купите репродукции на уметнички дела од познати уметници. Така, секогаш ќе имате нешто на ѕидот што ви е пријатно и драго, а тоа ќе ѝ даде посебна енергија на просторијата.

Поставете полици

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasia Casey (@theidentitecollective) on

Полиците се секогаш добра декорација. Како прво, собата ќе изгледа поголема, ќе имате повеќе простор за чување предмети и ќе можете да ги изложите оние украси, фотографии, книги и други работи што ви се важни.

Погледнете го овој прекрасно уреден стан во кој ќе се вљубат љубителите на виолетовата боја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар