Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
Доколку сè уште се прашувате зошто уметноста е толку значајна категорија за човекот, присетете се колку пати досега, нечие уметничко дело успеало да допре до дното на вашето срце и да ги разбуди емоциите кои мислевте дека одамна ги имате закопано. 24-годишниот илустратор и цртач Берк Озтурк сака да работи на мрачни и меланхолични теми, како што се смртта и изгубената љубов.

„Невклопено дете“
Тој почнал да црта уште додека бил мало дете, а сега работи како илустратор на детски книги. Прекрасното во неговите цртежи е нивната едноставност, спакувана во длабока емоционална рана, која тешко зараснува. Ќе ве оставиме да уживате во вашите заборавени чувства гледајќи ги неговите фантастични илустрации, кои имаат и многу моќни наслови.

„Бакнеж од водени бои“

„Расцепкани спомени“

„Смрт и живот“

„Татко и син“

„Слоообоооодаааа“

„Во заборав“

„Слобода на мислење“

„Палчето Том“

„Ми недостасуваш Лион“

„Се сеќавам на секој бакнеж“

„Последната прегратка“

„Св. Валентин“

„Курт и Ејми“

„Љубовници на гробишта“
WOW, bravo za chovekot, ogromen talent!!