Претходно
Една недела во Јапонија
Датум: 10 јан 2012
Коментари: 0
Мајк Матас, заедно со својата девојка, во ноември 2011 година поминал една недела во прекрасната Јапонија. Тие патувале со воз од Кјото до Нара, потоа од таму до Хаконе, а на крајот отпатувале за Токио. За време на нивното патување тие направиле безброј фотографии, па Мајк решил од нив да направи видео. Одбрал 4.000 фотографии кои ги сметал за најинтересни и го создал ова интересно видео низ кое е прикажана живописноста, културата и убавините на Јапонија. Уживајте во оваа 3-минутна прошетка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.