Ѕирнете во најскапиот пентхаус од зградата со најскапи станови во светот
One57 е зграда веднаш до Централ Парк во Њујорк и градба која во себе ги содржи најскапите станови во светот. Еден од нив го држи и рекордот за најскапо продаден стан, откако се најде купувач која плати нешто над 100 милиони долари за него. Зградата е висока 306 метри, односно 90 катови. На првите 39 од нив е сместен хотелот Парк Хајат, а сопствениците на останатите станови можат да ги користат фитнес салите, сауните и сличните погодности од хотелот.
Но и пентхаусот кој следува во галеријата има свој базен, сауна, библиотека и кино. Сместен е на 89-тиот и 90-тиот кат, овозможувајќи прекрасен панорамски поглед над Централ Парк и е токму оној кој го држи споменатиот рекорд. Покрај него има уште неколку слики од други станови кои им припаѓаат на соседите. Разгледајте ја галеријата ако сакате да добиете претстава за тоа како изгледа да се живее во оваа луксузна зграда.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.