Ѕирнете во креативниот свет на @darijaginger, а имате можност да добиете и персонализиран подарок!

Ѕирнете во креативниот свет на @darijaginger, а имате можност да добиете и персонализиран подарок!

На интервјуто со @darijaginger таа ни откри дека креативноста е нејзината силна страна, ги сака Дизни ликовите, а попладневните кафе паузи ја инспирираат мотивираат за нови креации. Што друго ни раскажа, прочитајте подолу, а исто така не заборавајте и да се вклучите во нашиот giveaway!

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

1. Дали можеш да ни раскажеш нешто за себеси? Кој стои зад овие креативни илустрации?

Јас сум креативна личност. Уживам во добри книги, серии, хорор филмови, уметност и добра фотографија. Не можам да мирувам долго време, па затоа секогаш наоѓам нешто да правам. Зад секоја моја илустрација стојам јас и светот околу мене што ме инспирирал.

2. Како започна со ова хоби кое сега е професија?

Откако знам за фотошоп секогаш ме фасцинирало во што веруваат луѓето, па дури и тоа да е нереално, па така почнав да правам различни фотошоп слики. Брзо време после тие слики сакав да пробам нешто ново. Отсекогаш сум цртала добро, па решив тоа да го пренесам како илустрација и да го спојам со останатиот дел од сликите на мојот профил.

3. На твоите илустрации можеме да забележиме многу од ликовите на Дизни. Дали тоа значи дека тие ти се најголема инспирација или тоа го бараат клиентите?

Може да се каже дека Дизни ликовите ми се на некој начин инспирација. Јас сум голем Дизни обожавател, но најголемата инспирација ми е светот околу мене и тоа дека тој не е розов, но Дизни ликовите го разубавуваат.

4. Како/каде учиш нови техники и алатки? Кој софтвер за дизајн го користиш за илустрациите?

Нови техники најдобро се учат со експериментирање, па секогаш кога правам некоја илустрација испробувам нови работи. Исто така, тука спаѓаат и различните видеа од YouTube. Моментално ја користам апликацијата Autodesk SketchBook и Photoshop, а други добри апликации што ги препорачувам се Adobe Sketch и Procreate (за Apple корисниците).

Ѕирнете во креативниот свет на @darijaginger, а имате можност да добиете и персонализиран подарок!

5. Колку време ти е потребно за една илустрација?

Потребно ми е од 20 минути до неколку часови, а понекогаш и по некој ден во зависност од комплексноста на илустрацијата.

6. Која е твојата омилена илустрација и зошто?

Тешко е да одберам само една, но ова се моите топ три омилени илустрации.

Ѕирнете во креативниот свет на @darijaginger, а имате можност да добиете и персонализиран подарок!

Ѕирнете во креативниот свет на @darijaginger, а имате можност да добиете и персонализиран подарок!

Ѕирнете во креативниот свет на @darijaginger, а имате можност да добиете и персонализиран подарок!

7. Како би ги опишала своите илустрации со три збора?

Уникатни, весели и разиграни.

8. Што правиш во деновите кога немаш инспирација и мотивација? Дали добиваш повеќе инспирација после една попладневна кафе пауза?

Кога немам инспирација за илустрација правам мала пауза од илустрациите и програмирам, но не прекинувам да ја барам инспирацијата. За мене нема попладневна кафе пауза, има 3-4 попладневни кафе паузи. Секоја пауза ја зголемува мојата инспирација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар